(Видео) Во знак на протест, фронтменот на групата „Green Day“ се откажа од американското државјанство среде концерт

Точка

27/06/2022

13:14

5.914

Големина на фонт

а а а

Пејачот на групата „Green Day“, Били Џо Армстронг, изјави дека се откажува од американското државјанство и се сели во Англија бидејќи е многу вознемирен поради тоа што Врховниот суд ја поништи пресудата со која беше легализирано правото на абортус пред 50 години ширум земјата.

Пејачот својата одлука ја прокоментирал пред публиката на концертот на бендот во Лондон во петокот:

„Кој ја е*е Америка, се откажувам од своето државјанство. Е*ено доаѓам тука“, порачал Армстронг.

„Има премногу глупости на светот за да се вратиме во тој беден изговор од држава. Не се шегувам. Ќе видите многу од мене во наредните денови“, додал фронтменот.

Били Џо е една од бројните либерални славни личности кои го изразија својот бес поради одлуката на Врховниот суд да го поништи случајот Ро против Вејд. Пресудата ефективно стави крај на признавањето на уставното право на абортус и им даде овластување на поединечни држави да ја дозволат, ограничат или забранат оваа пракса во целост.

Армстронг продолжил да ја прозива Америка на настапот на бендот во Хадерсфилд следниот ден, наведува „Daily Mail“.


Ова не е првпат тој да изрази одбивност кон САД - во хит песната на „Green Day“ од 2004 година, „American Idiot“, бендот ги осуди американските медиуми.

Фронтменот отворено зборуваше и против поранешниот претседател Доналд Трамп, кој во 2016 година го спореди со Хитлер во интервју за списанието „Kerang!“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг