Научници фатиле питон тежок 100 килограми: Погледнете што пронашле во неговата утроба

Точка

23/06/2022

15:01

47.437

Големина на фонт

а а а

На Флорида бил фатен најголемиот бурмански питок тежок околу 100 килограми и долг околу 5,5 метри.

Тимот од научници за диви животни на Флорида го фатил најголемиот бурмански питон во таа држава.

Фотографиите од неверојатниот улов ги објавиле на социјалните мрежи. Објавиле дека питонот е долг дури 5,5 метри и тежок околу 100 килограми, и им биле потребни 20-тина минути да го фатат.

Тоа е најголем примерок од тој вид некогаш фатен на Флорида. Со проверка на утробата на змијата утврдиле дека нејзиниот последен оброк бил елен, со оглед на тоа дека ги пронашле неговите копита.

Освен тоа, утврдиле дека змијата во себе имала 122 јајца, со што е урнат рекордот за бројот на јајца кои женка питон може да ги произведе во циклус на размножување, пишува „New York Times“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг