„Денешните стандарди за убавина се неподносливи, таква сум каква што сум“: Славната пејачка го кажува она што секоја жена денес треба да го мисли

Кармин

23/06/2022

21:37

20.577

Големина на фонт

а а а

Идеалот за убавина кој се наметнува на социјалните мрежи одамна зеде замав. Девојките сè повеќе се чувствуваат несигурно и им придаваат преголемо значење на изгледот, гардеробата, косата, ноктите, шминката и другите надворешни фактори.

Филтерите се „основен“ дел од секоја фотографија, а наметнатите очекувања се едноставно преголеми. Дури и познатите личности, според зборовите на пејачката и актерка Селена Гомез, се борат со емоциите да не се вклопат во нив.

Гомез проговорела за апсурдните коментари кои ги добива по повод својот изглед, а како што пренесува „Bright Side“, сè започнало уште во 2015 година.

Бидејќи ситуацијата излегла од контрола, таа одлучила да започне да оди на терапија за да се погрижи за својата психичка состојба и оттогаш отворено зборува за својата борба со лупусот и трансплантацијата на бубрег кои влијаеле на нејзиното здравје, изглед и тежина.

По една година борба, пејачката одлучила да се исклучи од социјалните мрежи и тоа трае од 2017 година.

„Посреќна сум, поприсутна сум, повеќе се поврзувам со луѓето“, изјави таа во 2019 година во текот на интервју на Филмскиот фестивал во Кан.

Гомез нагласува и колку се социјалните медиуми опасни и колку можат да бидат застрашувачки. На Инстаграм постои видео од Гомез која зборува за тоа што јаде и дека не се грижи за килограмите.

„Се обидувам да останам слаба, но отидов до „Jack in the Box“ и земав 4 такоси, 3 ролнички со јајца, похуван кромид и зачинет сендвич со пилешко месо. Но, искрено не ми е грижа за тежината. Совршена сум таква каква што сум“.

Селена ги моли своите фанови да бидат искрени и да обрнат внимание на она што им е важно во животот. Таа бара да се тргнат од лажните, нереални стандарди и наметнатиот имиџ и нагласува дека ранливоста е сила, а не слабост.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk