Рита Ора привлече внимание со своето безвременско деколте во Мадрид – се појави во гламурозен фустан и времето запре

Кармин

21/06/2022

20:49

8.799

Големина на фонт

а а а

Рита Ора (32) на социјалната мрежа Инстаграм сподели компилација од фотографии во розов фустан од забавата „Cartier“ во Мадрид, после кои привлече големо внимание.

Рита Ора неделава го донесе гламурот во Мадрид додека настапуваше на споменатиот настан. Стилистката Карен Ленгли направила магија така што пејачката облекла розов, макси фустан од брендот „Lanvin“ којшто го искомбинирала со црни сандали за да го надополни изгледот.

Со длабок В-изрез, исечен преден дел и детали на колковите, овој смел фустан секако дека е парче кое најдобро им стои на згодните жени, па така не е ниту чудно што веднаш е забележлив.

Пејачката покрај феноменалниот фустан имала и прекрасен накит, па така нејзиниот ѓердан, но и обетки, особено привлекле внимание.

Нејзината густа коса овојпат била во брановиден облик, додека пак на очите имала дискретна шминка, а на усните кармин во иста нијанса на боја како фустанот.

Рита често на социјалната мрежа Инстаграм со своите обожаватели споделува фотографии од приватниот живот, а неодамна фановите ги известила дека ужива со момчето на одмор.

Да ве потсетиме, Таик за Денот на вљубените открил дека пејачката ја знае четири години. Имено, парот по долгогодишното пријателство одлучил да се впушти во љубовна романса која трае речиси една година.

Пејачката за „Independent“ изјавила дека „би сакала да има големо семејство“, а зборувајќи за својата романса со момчето изјавила дека „не очекувала дека љубовта ќе ја пронајде баш со него“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk