(Видео) Американка за нејзиниот најсреќен ден во животот избрала венчаница од 4 долари! „Се чувствував неверојатно“

Кармин

17/06/2022

09:59

9.717

Големина на фонт

а а а

Многу дами уште од мали сонуваат за денот на својата венчавка, посветувајќи најмногу внимание на фамозниот фустан кој ќе го облечат тој ден. Меѓутоа, една невеста од Америка решила да го направи тоа сосема едноставно.

Како што се приближувал денот на нејзината венчавка, 32-годишната Џилијан Линч од Охајо тргнала во потрага по соодветен фустан, но без воопшто да размислува за луксузни салони со венчаници.

Како некој кој придава посебно значење на заштедите, за неа било природно да оди во продавница за половни производи, надевајќи се дека таму ќе најде едноставен бел фустан.


„Никогаш не ни помислив да одам во продавница за венчаници. Ова беше единственото место што ми падна на ум“, рекла таа.

По обиколката на неколку продавници, изгледало дека Џилијан го пронашла идеалниот фустан. Тоа било креација со средна должина со потписот на дизајнерката Камила Коељо. Иако нејзината вистинска цена била 220 долари преку Revolve, на продажба во оваа продавница, идната невеста ја платила симболични 3,75 долари.

На нејзиниот ТикТок, каде што вообичаено ги споделува своите „заштедувачки улови“ со своите следбеници, таа им го покажала и фустанот, кој првично се двоумела да го облече на венчавката. Сепак, по бројните позитивни реакции и коментари од нејзините следбеници, таа се решила на тоа.


Потоа го однела фустанот кај кројач за целосно да го прилагоди на нејзиното тело. Корекциите ја чинеле 110 долари, а со пар старински штикли од 8 долари и фризура и шминка што сама ги направила, сето тоа ја чинело 121,75 долари, што според многумина е нереална цена за свадбена комбинација.

Свадбата на Џилијан и нејзиниот партнер со кој поминала 13 години се одржала на 13 мај, а пресреќната невеста изјавила дека тој ден се чувствувала неверојатно.

„Мислам дека никогаш не сум се чувствувала толку добро за нешто. Вака треба да се чувствува секоја невеста на денот на венчавката. Како да го достигнала врвот на убавината. Токму така се чувствував кога го облеков фустанот“, рекла таа.

Таа додала дека венчаницата ѝ била уште подрага бидејќи поради неа немала „притисок за совршен фустан“.

Џилијан и нејзиниот сопруг ја одбележале венчавката со интимна церемонија на која присуствувале 30 најблиски луѓе.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk