За сопругата на овој актер велат дека е вонсериска убавица: Сакала да го спои со нејзината пријателка, но тој имал други планови

Кармин

03/06/2022

21:50

18.575

Големина на фонт

а а а

Славниот актер Идрис Елба е маж од соништата за многу жени, но тој со години е верен само на една дама.

Идрис ја запознал неговата сопруга Сабрина Елба во 2017 година. Славниот пар неодамна се појави во Кан, а прекрасната Сабрина ги „украде“ погледите на присутните.

Идрис, кој во 2018 година ја доби титулата најсексапилен маж, и неговата сопруга се сметаат за еден од најатрактивните светски парови, а повеќе од очигледно е зошто е тоа така.

Идрис и Сабрина се венчаа во 2019 година, а пред бракот со оваа убавица, Елба двапати застана пред олтарот - со Хан Норгард со која беше во брак од 1999 до 2003 година, а вторпат се ожени со Соња Никол Хамлин со која беше кратко во 2006 година.

Актерот кој ја има ќерката Исан и синот Винстон, и покрај два љубовни бродоломи не се откажал од брак. На почетокот Сабрина всушност се обидувала да го спои Идрис со нејзина пријателка, меѓутоа тој не можел да го тргне погледот од неа и оттогаш се неразделни.

„Излегов на единствениот слободен ден кој го имав, навистина, беше недела навечер. Отидов на забава и таа беше таму. Ја здогледав и ме маѓепса. Остатокот е историја“, открил актерот кој признал дека се вљубил во Сабрина на прв поглед.

Убавата сопруга на Елба се занимава со моделинг, а покрај тоа е активистка и водителка на подкаст.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk