Најубавата жена во историјата на филмот ја понижи Ким Кардашијан со 3 реченици: Нејзините зборови гаѓаат директно во мета

Кармин

31/05/2022

22:20

18.266

Големина на фонт

а а а

Изабел Аџани, легенда на францускиот филм и една од најубавите жени на своето доба, ретко се појавува во јавноста, но веќе со години наназад не го пропушта Канскиот филмски фестивал.

Таа пред неколку дена пристигна на премиерата на филмот „Forever Young“ во елегантно издание, поигрувајќи си со вечната комбинација на црна и бела боја и покажувајќи дека и на 66 години плени со посебен вид харизма и сексапил.


Изабел оваа година се враќа и на малите екрани - од ноември ќе можеме да ја гледаме во крими драмата „Mascarade“. По повод филмот, актерката поразговарала со француските медиуми, иако отсекогаш била позната по фактот дека ретко дава било какви изјави. Но, овојпат Аџани била многу отворена и директна, а еден дел од интервјуто особено ја заинтригира европската јавност.


Имено, славната дива која пред неколку години „LA Times“ ја прогласи за најубава жена на сите времиња на филмското платно и тоа во остварувањето „La Reine Margot“, проговорила за Ким Кардашијан во фустанот на Мерилин Монро, како и за современата култура која оваа реалити ѕвезда ја претставува.


„Ако Ким Кардашијан е икона, тогаш јас сум кралицата на Англија“, рекла Аџани саркастично.

„Ако Ким Кардашијан е икона, би сакала да сум подобар социолог и семиолог за да ги испитам тие феномени на влијателни луѓе и инфлуенсери, како и целата таа нарцистичкa филозофија на социјалните мрежи, мрежи кои се постојано фокусирани на бројот на следбеници... Ако Ким Кардашијан е икона, парите навистина станаа Бог“, додала Аџани за францускиот магазин „Le Figaro“.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk