Популарната актерка сподели фотографија, па ги збуни фановите: „Градите ти се мали, ова е сигурно пред операциите“

Кармин

23/05/2022

14:15

8.771

Големина на фонт

а а а

Елизабет Харли, иако одамна влезe во шестата деценија од животот, често успева да издоминира на социјалните мрежи поради фотографиите кои ги објавува, а тоа секако дека го направи и овојпат.

Харли објавила фотографија од младите денови, па ги збунила фановите.

Оваа прекрасна актерка тогаш позирала во разголено издание, а нејзините Инстаграм следбеници веднаш забележале дека Харли имала мали, природни гради.

„Па, здраво...“, едноставно напишала актерката под фотографијата откривајќи дека тогаш ја фотографирал Марио Тестино за британски „Vogue“, (пред повеќе од 20 години).

Многу од обожавателите коментирале за нејзината операција на градите која е и повеќе од очигледна.

„Ова е пред операцијата на градите“, „По ништо не би кажал дека е стара фотографија, освен по деколтето“, „Градите ти се мали“, „Изгледаш врвно“, се само дел од коментарите на сметка на атрактивната фотографија од прекрасната Харли.

Елизабет неодамна за „Hello“ открила како ја одржува својата самодоверба и во шестата деценија од животот.

„Навистина мислам дека одвојувањето време за грижа за своето здравје е најважната работа која ние жените можеме да ја направиме“, изјавила тогаш Харли.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk