Шерон Стоун пристигнала во Кан во кралски фустан и во придружба на двајца згодни мажи, а спектаклот кој следел ги воодушевил присутните

Кармин

23/05/2022

10:51

8.696

Големина на фонт

а а а

На црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал вчеравечер прошета холивудската дива Шерон Стоун, а нејзиното пристигнување било вистински спектакл.

Шерон на премиерата на филмот „Les Amandiers“ пристигнала во придружба на двајца згодни мажи во темносини одела и со очила за сонце, кои всушност биле дел од своевидниот перформанс кој го подготвила актерката.


Шерон која честопати ја нарекуваат кралица на црвениот тепих поради беспрекорните модни избори, блескала во неверојатно помпезна и впечатлива креација на брендот „Dolce & Gabbana“, на кој е воедно и заштитно лице.



Стоун избрала впечатлив фустан со цветен сино-бел дезен, кој е препознатлив за споменатата италијанска модна куќа и со огромно шлеп здолниште, а откако позирала пред фотографите и ѝ мавтала на публиката, актерката во секунда го променила аутфитот.


Имено, двајцата мажи кои ја придружувале, ѝ пришле на Шерон и со извежбани движења го соблекле шлеп здолништето од нејзината тоалета, по што славната 64-годишна актерка останала во едноставна креација која ја нагласила нејзината заводлива силуета.

Шерон ова одлично издание го надополнила со сини сандали на платформа и вртоглаво високи потпетици и дијамантски обетки со сафири.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk