Најлудите ситуации од црвениот тепих во Кан: Падот на Хелен, маките на Ева Лонгорија и – уште многу...

Кармин

19/05/2022

10:43

40.736

Големина на фонт

а а а

По две години, синоќа свечено беше отворен 75-от Кански филмски фестивал. Дека гламурот повторно завладеа во овој француски град, покажуваат прекрасните стајлинзи на познатите дами.

Во текот на сите овие децении, на овој престижен настан се случувале разни пехови, но и бројни смешни ситуации.

Издвоивме некои од најинтересните моменти за вас.

Припадничките на поубавиот пол главно имале проблем со бујните деколтеа, а некои дури и премногу откриле, позирајќи пред фоторепортерите. Додека пак некои од актерките доживеале и пад на црвениот тепих.

Имено, Хелен Мирен имала непријатна ситуација кога се сопнала и паднала во 2018 година, истата таа година Кристен Стјуарт останала без чевел.

Исто така фоторепортерите ја „уловиле“ Ева Лонгорија додека се мачела со својот гламурозен фустан.

А, еден од најинтересните моменти се случил на 16 мај 2014 година кога 25-годишниот украински новинар Виталиј Седиум ѕирнал под фустанот на eдна од актерките, додека таа позирала со колегите на црвениот тепих. Кога виделе што се случува, луѓето од обезбедувањето го тргнале новинарот оттаму.

Погледнете ги фотографиите:










Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk