Себеси се нарекува кралица и сопственичка е најголемата куќа во САД: Сакам да биде уште поголема, нема да штедам

Точка

09/05/2022

20:11

11.683

Големина на фонт

а а а

Паб, ноќен клуб, сала за бал, сала за вечера со капацитет за 150 луѓе, 14 спални соби, девет кујни, 30 бањи, 30 милиони долари потрошени на антиквитети...тоа е само дел од огромниот имот на семејството Сигел.

56-годишната Џеки Сигел, или како што таа сака да ја нарекуваат "Кралицата на Версај", во рок од две години конечно би требала да се всели во мега куќата која последните 20 години ја гради со својот сопруг, мултимилионерот Дејвид Сигел (88).

Парот уште во 2004-та година започнал со изградба на мега имотот на Флорида, но економската криза во 2008-ма година и смрт во семејството го забавиле целиот процес. Сепак, не го сопреле целосно. За своите планови во иднината, Џеки зборувала со новинарите на британски "The Sun".


„Се надевам дека ќе се вселиме во 2023-та година“, вели на почетокот Џеки, чиј нов дом ќе има површина од околу 8.500 метри квадратни.

„Тука планирам да живеам со сопругот и нашите седум деца. Секако, имаме и миленици, а ќе ни биде потребен и голем персонал“, вели Џеки.


Колку луѓе планира да вработи засега не е познато, но бидејќи самата куќа ќе има девет кујни, 14 спални соби, 30 бањи, ноќен клуб, британски паб, сала за вечера со капацитет за 150 луѓе, посебна сала за бал - веројатно ќе и бидат потребни повеќе од неколку. Но, Џеки не се грижи за тоа. Не се грижи ни за пари. Кога ќе се вселат во куќата планира да продолжи со работата за проширување на имотот, бидејќи, како што вели, многу пријатели сега сакаат да престојуваат во нејзиниот "Версај", а таа сака да им ја исполни желбата.

На антиквитети за уредување на домот потрошиле околу 30 милиони долари, а на целата изградба...не сакаат да откријат. Но, постои сомнеж дека бројката е "дебело" над 100 милиони.


„Веќе знам дека омилена просторија ќе ми биде мојот таен ормар. Морам некогаш да побегнам од сите и од својот брз живот“, вели оваа дама и додава дека целото семејство е возбудено што наскоро ќе живее под ист покрив.

„Можно е да се изгубиме внатре и тогаш ќе почнеме да вртиме по телефони“, се смее госпоѓа Сигел.




Спонзорирани линкови

Маркетинг