Заработува 12.000 евра месечно снимајќи се како јаде - момците посебно плаќаат за да го видат нејзиниот стомак

Кармин

15/04/2022

09:55

14.622

Големина на фонт

а а а

Британката Антонија Греам минатата година стана Интернет сензација по снимката на која кажува шеги на сметка на нејзиниот голем стомак и тежина, а тоа видео ѝ помогнало да ја пронајде работата од соништата.

Имено, таа сега заработува и до 10.000 фунти месечно снимајќи видео снимки на кои јаде.

Оваа 25-годишничка на тој начин улогата на мајка и домаќинка ја заменила со 'работа од соништата', која вклучува консумирање високо калорична храна пред камера, а овие бизарни снимки ги нуди на публиката на платформата „OnlyFans“. Антонија работи само два дена во неделата и тврди дека нејзините снимки воопшто не се експлицитни.

„Повеќето од барањата се оценети како целосно безопасни, речиси воопшто не се бара некоја непристојна содржина, бидејќи моите клиенти не се како обичните мажи. Тие сакаат да ве видат како јадете, се дебелеете и добивате килограми“, вели таа.

„Воглавно јадам брза храна од популарни ресторани во количина што е доволна за покривање на цело семејство. Јадам околу 3.000 калории за време на еден оброк, а тоа дефинитивно го оптоварува организмот“, додала таа.

„Наплаќам 10 фунти по минута за видео што го снимам, а работам само во понеделник и петок, но го имам луксузот често да ги прескокнувам тие денови. Бидејќи работам само кога ми требаат пари, заработувам нешто помалку од 10.000 фунти месечно, додека некои луѓе во овој бизнис заработуваат и над 30 илјади фунти“, објасни оваа дама.


Антонија вели дека нејзината најголема страст е да го направи светот подобро место за покрупните луѓе, а истакнува и дека оваа работа не треба да се работи само заради пари.

„Постои огромна, прикриена фетиш заедница и тие можат да забележат измами од километар. Прифатив дека го сакам своето тело и се сакам себеси. Уживам во тоа, но тоа не е нешто што планирам да го правам засекогаш. Сепак, среќна сум што го изградив моето име во оваа заедница, каде што сите се толку љубезни и драги“, заклучува таа.

Антонија, која е мајка на три деца, е популарна и на ТикТок, каде ја следат над 350 илјади корисници, а секојдневно објавува видеа кои го слават женското тело и им помагаат на жените да се заљубат во нивниот вишок.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk