Симболиката на 22.2.2022 и пророштвото на Маите: „Не ни се пишува добро...“

Кармин

22/02/2022

22:09

19.339

Големина на фонт

а а а

22.2.2022 година, нумеролозите велат дека денешниот датум е несекојдневен и посебен, а од друга страна преданијата на древните Маи се лоши.

„Симболиката на бројот два главно е тоа што ги означува судбинските случувања. Кога сме под енергија на бројот два, тогаш не можеме да влијаеме на случувањата, тие едноставно се случуваат. Со оглед на тоа дека сме во нумеролошка година на бројот шест, на овој датум низата двојки можат да бидат плодни, односно да влијаат на луѓето кои сакаат да работат на зголемување на семејството и секако добро е да замислите желба, па дури и доколку истата е за пари.


На овој датум треба да работите на љубовната врска и да дадете сè од себе да им помогнете на луѓето, зошто енергија која ја давате секогаш добро се враќа. Секако, сè зависи од тоа кој нумеролошки код се носи и кога ќе се собере овој датум со датумот на раѓање на одредена личност, се добива поточна слика“, вели астрологот Илијана Минчиќ.

Науката вели дека овие датуми се многу ретки и дека имаме среќа да живееме во век кога ги има затоа што во просек се појавуваат на секои 800 години.

Народното верување вели дека животот на луѓето кои се раѓаат на палиндромски датум, поради тоа што палиндромот е симбол на симетрија, можат да живеат во посебна хармонија. Астролозите сепак сметаат дека децата кои ќе се родат денес ќе бидат лидери, организатори и градители, наведувајќи го примерот на Џорџ Вашингтон кој е роден на 22 февруари.

Древните Маи: Не ни предвидуваат добри работи

Според преданието на древните Маи, овој датум се врзува за страшни настани за човештвото. Како што тврди лингвистот и историчар Јуриј Кноразов, специјалист за историја на оваа цивилизација, не ни се пишува добро.


Како што тој наведува, предзнакот на почеток на нова ера по календарот на Маите е датумот кој содржи низа двојки. Тогаш светот ќе мора да се соочи со уште една единствена епизода - почеток на добата на шестото Сонце кое ќе се поклопи со ужасни настани.

Според нивните пророштва, боговите ќе го ослободат својот гнев на Земјата, а човештвото ќе се соочи со сериозен тест поврзан со необични временски аномалии.

„Небото ќе се преврти, ќе се преврти на Земјата, кога четирите Богови, четирите Бакаби (Бакабите биле четири браќа кои биле распоредени на четири локации кога Господ ја создал земјата за да го држат небото за да не падне. Тие побегнале од зададените позиции кога светот бил уништен од поплава. Имињата на Бакабите биле: Хобнил, Канцикнал, Сакими и Хосанек) ќе бидат фрлени на нив“, стои во пророштвото на Маите.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk