Ја нападнале неговата сопруга поради претерување со килограмите, актерот возврати: „Погрдните коментари напишете си ги со трајно мастило на сопственото чело“

Кармин

04/02/2022

13:30

15.474

Големина на фонт

а а а

Џејсон Ритер ја одбранил својата сопруга Мелани Лински по коментарите за нејзината телесна тежина кои се појавија на социјалните мрежи.

Американскиот актер Џејсон Ритер се огласи на социјалната мрежа Твитер во одбрана на својата три години постара сопруга, актерката Мелани Лински, откако таа стана мета на критики и срамни коментари на социјалните мрежи поради својот изглед.

Ритер го споделил коментарот од својата сопруга во кој ја изразил својата фрустрација на таа тема, па го кажал своето мислење.


„Доколку некој има погрдни коментари за било кое тело, може слободно да ги напише со трајно мастило на сопственото чело“, напишал актерот.

Мелани претходно се огласи за да ги коментира луѓето кои се шегувале со нејзината телесна тежина.

„Највпечатливи се пораките како: Јас се грижам за нејзиното здравје! Не ме гледаш како трчам низ паркот со своето дете. Слабо, не е секогаш и здраво“, напишала актерката.

Претходно месецов веќе на таа тема актерката даваше изјава за списанието „Rolling Stone“, па открила дека уредникот на нејзината серија ја натерал да ослабне:

„Ме прашаа што планирам да направам со мојата телесна тежина, дали продуцентите ќе ми набават теретана, рече дека сака да ми помогне“, открила актерката.

Линси во едно интервју за „People“ во 2016 година изјавила:

„Го изгубив разумот. Имав проблеми со исхраната и во одреден момент помислив дека нема да преживеам, бев несреќна и косата ми паѓаше. Помислив дека тогаш треба да изгледам онака како што треба да изгледам верувајќи дека луѓето ќе сакаат да вметнат некој лик во емисија или филм кој изгледа како мене“, изјавила актерката.


Инаку, Џејсон и Мелани се во брак од 2020 година и заедно имаат едно дете, а деталите од својот приватен живот се трудат да ги држат само за себе.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk