„Се обиде да ме задави, намерно ме зарази со полово пренослива болест“: Славниот актер обвинет за мачење, но неговата сопруга го обожува и го чекаат првото дете

Кармин

03/02/2022

13:56

24.203

Големина на фонт

а а а

Холивудскиот актер Шаја Лабаф и актерката Миа Гот ќе станат родители, а оваа вест ја изненади јавноста со оглед на тоа што парот уште во 2018 година стави точка на својот брак.

Во меѓувреме, славниот актер дури имал и сериозна врска со кантавторката FKA twigs која во 2020 година го обвинила за злоупотребување.

Парот бил фотографиран на улица, а трудничкиот стомак на Миа е голем, па очигледно е дека бебето би требало да се роди во скоро време.

Таа и Лабаф романсата ја започнале во 2012 година, но повеќепати раскинувале и се смирувале, а наводно во 2018 година дефинитивно ставиле крај на нивниот однос.


Но, очигледно е дека се предомислиле затоа што актерот веќе во април 2020 година бил забележан како носи бурма, а 28-годишната актерка носела и бурма и дијамантски веренички прстен.

Парот во јуни 2021 година бил забележан заедно во Дизниленд, со што официјално ги потврдиле гласините.

Да ве потсетиме, во декември 2020 година пејачката FKA twigs го обвинила Лабаф за емоционално, физичко и сексуално злоупотребување и започнала судски процес против него, но тој ги негирал обвиненијата.

„Закрепнувам од зависноста, па некои работи не ги паметам поради тоа што бев премногу пијан. Не можам да го сменам минатото. Можам само да го прифатам и да се надевам за подобра иднина“, пишува во неговата изјава.


Во тужбата која пејачката ја поднела, таа тврди дека Лабаф психички и физички ја малтретирал, како и дека намерно ја заразил со полово пренослива болест. Таа изнела и низа ужасни ситуации од нивната врска, а меѓудругото и дека еднаш се разбудила среде ноќ, додека тој се обидувал да ја задави. Раскажала и како во една прилика ѝ се заканувал дека со автомобилот намерно ќе излета од патот доколку не му каже дека го сака.

На пејачката поддршка ѝ дала колешката Сиа која ги потврдила тие работи и изјавила дека актерот е насилник.

„И мене емоционално ме повреди. Тој е патолошки лажго кој ме вовлече во прељубничка афера, тврдејќи дека е слободен. Верувам дека е болен и се сочувствувам со неговите жртви“, напишала таа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk