Урнебесно! Девојка рекреира пози во кои се фотографираат моделите на Зара

Кармин

21/01/2022

18:28

9.638

Големина на фонт

а а а

Моделите кои го рекламираат брендот Зара често мора да се фотографираат во многу чудни пози.

Плус-сајз моделот Реми Бадер рекреирала некои од нив за да покаже колку е смешно да се бара ова од модел.

Реми почнала да снима вакви видеа откако била отпуштена во јули минатата година. Таа работела за платформата Tidal.

„Татко ми ми предложи да се обидам да најдам работа во модната индустрија. Договорот го добив во август, но сепак ми беше досадно, па решив да снимам за ТикТок“, вели таа.


Набрзо почнала да добива пакети облека за рекламирање од различни брендови. Забележала дека постојано ѝ праќаат премали парчиња, што е и еден од проблемите на плус сајз моделите. Покрај тоа, таа истакнала дека нејзините колеги, особено оние кои работат со Зара, мора да позираат во смешни пози.

„Сите ме прашуваат како секогаш се однесувам толку самоуверено. Сепак, тоа е далеку од вистината. Изгубив голема доверба во изминатите неколку години. Мислам дека ќе ми треба многу време за да почнам да се чувствувам удобно во своја кожа повторно“, признала таа.


Реми, исто така, не избегнува да зборува за проблемите со менталното здравје и прејадување.

„Се разбира, побарав помош од експерти, но морам да признаам дека ТикТок многу ми помогна. На оваа платформа владее позитивна атмосфера која ми дава сила да продолжам“, додава таа.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk