Три симптоми на омикрон кои не се појавуваат при настинка

Точка

17/01/2022

22:20

31.649

Големина на фонт

а а а

Иако омикронската варијанта на коронавирусот дава многу симптоми слични на обичната настинка, можно е да се направи разлика и соодветно да се одлучи дали да се оди во ковид амбуланта.

Покрај тоа што е утврдено дека поголемиот дел од пациентите кои се ковид-позитивни се соочуваат со гребење во грлото, експертите во пракса утврдиле и три симптоми кои ги дава омикронот, а кои не се појавуваат при настинка.


„Единствената карактеристика на короната е губење на чувството за мирис и вкус, што нема да го најдете при настинка“, рекол д-р Хаи Шао, лекар за инфективни болести во медицинскиот центар Шарп Чула Виста во Сан Диего за CBS 8, додавајќи дека обичната настинка не предизвикува силна грозница и тешка главоболка, симптоми што преовладуваат кај омикрон.

„Ако ги имате овие симптоми, многу е поголема веројатноста дека имате ковид, отколку настинка“, рекол Шао, истакнувајќи дека слични симптоми на омикрон и настинка вклучуваат температура, воспаление на грлото и кашлање, а како што напредува болеста, краток здив и отежнато дишење како.



Спонзорирани линкови

Маркетинг