Познатиот пар повторно заедно? Тој не ја трга широката насмевка од своето лице, а таа не ја пушта неговата рака

Кармин

16/11/2021

15:37

10.520

Големина на фонт

а а а

Две години откако раскинаа, родителите на малата Леа одвреме-навреме ги гледаме заедно, но никогаш не изгледале толку блиски.

Манекенката Ирина Шајк и актерот Бредли Купер изгледале како заљубен пар во текот на утринската прошетка низ Њујорк.

Поранешниот пар заедно се грижи за нивната ќерка, а велат дека тие се како најдобри пријатели.

Руската манекенка Ирина утрово била забележана со Бредли во прошетка низ Њујорк.

Парот шетал разговарајќи, а додека лицето на Ирина било покриено со заштитна маска и очила за сонце, Бредли не успеал да ја скрие насмевката и одличното расположение, како и тоа колку ужива во друштво на неговата поранешна партнерка и мајка на неговото дете.

Шајк го држела Бредли под рака додека шетале, а парот изгледал многу опуштено заедно.

И двајцата биле облечени во лежерни комбинации, па изгледале прекрасно заедно.

Инаку, Бредли и Ирина заедно биле четири години, а ја добиле и ќерката Леа, но пред две години раскинаа и дадоа официјално соопштение дека повеќе не се заедно со молба до медиумите да ја почитуваат нивната приватност.

Парот бил верен, но никогаш не го кажале судбинското „да“ пред матичар, а по раскинувањето го продолжиле својот однос, како што велат – како пријатели.

„Никогаш не сум го разбрала поимот „кородителство“. Кога сум со ќерката, јас сум сто посто нејзина мајка, кога е со татко ѝ тој е сто посто нејзин татко. Кородителството е родителство“, објаснила Шајк по пишувањето на медиумите за родителскиот однос на поранешниот пар.

Ирина својот поранешен партнер го опишала како „неверојатен татко“, но не сакала премногу да зборува за него.

„Мојата претходна врска е нешто што ми припаѓа мене и тоа е приватно. Тоа е дел од моето внатрешно ЈАС кое не сакам да го споделам“, истакнала манекенката.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk