Нејзиното барање без размислување било одбиено: Емотивен детаљ кој открива каква всушност е Меланија Трамп

Кармин

15/10/2021

13:42

6.168

Големина на фонт

а а а

Некогашната портпаролка на Белата куќа одлучила со светот да сподели што видела и слушнала додека соработувала со семејството Трамп, а нејзината книга „I’ll Take Your Questions Now“ објавена пред само неколку денови веќе привлече големо внимание.

Стефани Гришам, некогашната портпаролка на Белата куќа и шефица на кабинетот на поранешната прва дама на Америка Меланија Трамп, била сведок на многу ситуации во животот на Доналд Трамп и неговата сопруга додека бизнисменот бил на местото претседател на САД.

Сето тоа одлучила да го напише во книгата, а веќе привлекла внимание споделувајќи ја приказната за Трамп со опсесијата која ја имал со некоја негова соработничка.


Меѓу бројните детали кои Гришам ги објавила, се провлекла и една емотивна приказна која Меланија ја прикажува во поинакво светло.

Како што е напишано во книгата, некогашната прва дама на Америка сакала да им испрати големи огледала на децата кои ги запознала во Малави за да можат да видат колку се силни и преубави.

Во текот на посетата на Африка во октомври 2018 година, што било нејзиното прво патување без сопругот откако стапил на функцијата претседател, Меланија поминала многу време со малите деца во Малави.

На големо изненадување на американската делегација, децата барале од гостите да ги фотографираат со нивните телефони за да видат како изгледаат.

„Штом се вративме во САД, посака да им испратиме големи огледала“, пишува Стефани и ја цитира Меланија: „Мораме да им испратиме огледала во тоа училиште. Децата мора да видат како изгледаат и колку се моќни и убави“.


Како што истакнува таа, до реализација на желбата на Меланија не дошло иако таа била упорна, но нејзиното барање го одбила Линдзи Рејнолдс, шефицата на кабинетот на поранешната прва дама која одлучно тврдела дека тоа би била голема обврска.

Таа верува дека Рејнолдс стравувала како би можело тоа да биде сфатено, тоа што првата дама на САД им испраќа огледала на децата во Африка и вели дека сите во Белата куќа се убедени дека се експерти за ПР.

Гришам открила дека сопругата на Доналд опсесивно ги читала сите вести за себе, дека припадниците на тајната служба ја нарекле „златокоса“ поради тоа што ретко ја напуштала Белата куќа, дека Иванка Трамп ја нарекла „принцеза“ и дека стравувала дека поради неверствата на својот сопруг би можела да се најде во ситуација во која претходно се нашла Хилари Клинтон.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk