Некогашната портпаролка на Белата куќа одлучила со светот да сподели што сè видела и слушнала додека соработувала со семејството Трамп, па се подготвува „земјотрес“.
Додека траела претседателската кампања, но и откако станал 45-от претседател на САД, Доналд Трамп се соочувал со бројни обвиненија за неверства и сексизам.
Очигледно дека ниту откако Трамп излезе од Белата куќа нема да престанат раскажувањата за неговото непристојно однесување.
Стефани Гришам, некогашната портпаролка на Белата куќа и шефица на кабинетот на поранешната прва дама на САД Меланија Трамп, наскоро ќе ја објави книгата „I’ll Take Your Questions Now“, а во неа ќе изнесе бројни непознати детали за јавноста за поранешниот претседател и неговата сопруга.
Таа тврди дека Трамп бил опседнат со неименувана жена која работела во неговиот тим за односи со медиумите. Наводно тој во секој момент морал да биде свесен за тоа каде таа се наоѓа, зборувал дека „сака да ја гледа одзади“ и барал да ја доведат во кабината на претседателскиот авион „Air Force One“.
Судејќи по сè, неговата сопруга Меланија била свесна за сето тоа, а откако ѕвездата од филмовите за возрасни Сторми Даниел јавно зборувала дека имала односи со Трамп во деновите откако Меланија се породила и на свет го донела Барон, тогашната прва дама во јавноста го поддржала својот сопруг, но зад сцената го казнила.
Гришам пишува и дека тогаш доживеала професионален кошмар: Трамп ја повикал точно да ѝ опише како изгледа неговиот полов орган, поради тоа што Сторми тврдела дека неговиот пенис потсетува на „печурката од Супер Марио“ и дека не може да се пофали со големината.
Доналд Трамп наводно бил бесен поради претстојното објавување на книгата, а за „CNN“ изјавил дека на Гришам ѝ „платила радикално левичарска издавачка куќа за, за него да кажува грозни и невистинити работи“.