Животната трагедија на Марина Туцаковиќ од која никогаш не закрепна: На тој настан му го посветила големиот хит кој го отпеа Ана Николиќ

Кармин

21/09/2021

11:42

9.645

Големина на фонт

а а а

Еден од најголемите текстописци на овие простори, Марина Туцаковиќ, почина на 68-годишна возраст, губејќи ја битката со карциномот на дојка.

Многумина не знаат дека, покрај Милан, Марина имаше уште еден син - Милош Радуловиќ, кој почина во 2008 година на 24-годишна возраст. Тој изненадно починал, а неговото тело го пронашла токму Туцаковиќ.

За оваа огромна трагедија, таа проговорела само еднаш:

„Влегов во неговата соба и го затекнав тоа што го затекнав. Тогаш Милош имаше 24 години, беше први декември. Секогаш се плашев дека нешто ќе му се случи. Вашето дете оди на екскурзија, па се плашите како ќе стигне дотаму. Секогаш се плашите за луѓето кои ги сакате“, изјавила Марина во една прилика.


„Милош едноставно не се разбуди. Напладне беше здрав, сè беше нормално. Стана да се напие вода и ми кажа да го разбудам подоцна. Меѓутоа, кога влегов во неговата соба да го разбудам, го затекнав неподвижен. Прстите веќе му беа модри. Не знам што се случило. Не знам дали има нешто полошо од тоа да го затекнете своето дете како неподвижно лежи во кревет“, додала таа.

Иако медиумите шпекулираа дека Милош починал како последица од предозираност, Туцаковиќ признала дека никогаш не сакала да ги види резултатите од обдукцијата.

„Не сакав да ги видам резултатите од обдукцијата. Што ми значи тоа? Дали било срцето, дали нешто земал... Каква врска има тоа? Тоа не ми е важно. Јас со тоа дете бев 24 часа на ден. Имаа сè, водев грижам, но ете, друштвото ги повлече. Ако некој беше покрај тие деца, посебно покрај Милош во тие ситуации, тогаш тоа бев јас. По неговата смрт не работев неколку месеци“, открила Марина.


Токму на синот Милош му го посветила хитот „Мишо мој“ кој го отпеа Ана Николиќ.

„Песната ја пишував во својот најтежок животен период. Долго размислував кој би можел да ѝ ги пренесе овие силни емоции на публиката, а потоа изборот падна на Ана Николиќ“, заклучила Туцаковиќ која зад себе го остави сопругот Александар Радуловиќ и постариот син Милан Радуловиќ.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk