Омиленото парче на многу жени: Оваа сезона малиот црн фустан ќе се носи токму вака

Кармин

17/09/2021

10:55

8.781

Големина на фонт

а а а

Синонимот за елеганција, малиот црн фустан, со децении наназад важи за едно од најпопуларните култни модни парчиња.

Малиот црн фустан го обожуваме поради тоа што совршено се вклопува во секоја прилика - деловна, лежерна, отмена, а притоа суптилно го истакнува сексапилот.


И покрај трендовите и сезоните кои се менуваат, тој владее со модната сцена. Можеби го занемаривме во летниот период, кога нашите стајлинзи се базираа на претежно нежни, разиграни и посветли тонови, но со доаѓањето на есента омилениот фустан се враќа на почесно место во гардероберот.

Бројните дизајнери оваа сезона играа на сигурно и се определија за редизајн на овој култен класик во своите есенски колекции, така што добивме негови тренди варијанти.

Од слип силуети кои ја нагласуваат женственоста до миди и макси кроеви за полежерен изглед, пред нас е огромен избор на фустани кои се трансформирани за потребите на сечиј стил, а притоа да останат верни на својата есенција - препознатливата доза на софистицираност поради која секогаш им се враќаме.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk