Вера Ванг има 72 години, а никој не верува во тој податок: Таа вели дека е едноставно да ја задржите младоста, а еве и како

Кармин

15/09/2021

13:30

8.010

Големина на фонт

а а а

72-годишната Вера Ванг е популарна модна дизајнерка која славните дами ја обожуваат. Нејзините венчаници станаа императив за луксуз, а свечените тоалети одраз на женственоста и префинетоста.

На овогодишната Мет Гала, манекенката носела креација токму од Ванг со која заедно се фотографирала на црвениот тепих. Додека Емили блескала во огненоцрвена тоалета, Вера доминирала во црнобела комбинација, попримерна за некоја тинејџерка отколку за зрела жена во 8-та деценија.


Секој пат кога дизајнерката ќе се појави во јавноста, никој не може да поверува дека таа има 72 години. Нејзиниот изглед е неверојатен: телото ѝ е затегнато, а лицето младолико.


Минатата година таа ја откри тајната за својот добар изглед:

„Би рекла дека имам спорадични рутини. Спорадично е совршениот збор. Во младоста бев спортистка, бев натпреварувачка во уметничко лизгање во САД и балетска танчарка. Кога ќе поминете 16 години од животот, активно занимавајќи се со спорт, тоа остава резултати. Со тоа и вашите мускули помнат“.

„Сонот е клучен за преживување. Мислам дека не би можела добро да функционирам ако не спијам. Јас секогаш морам добро да одморам, сметам дека тоа е клучот на се. Сонот е многу важен дел, но и вотката. Јас сметам дека вистински одмор е кога можете убаво да се опуштите со коктел. Не мислам да пиете во 10 часот наутро, но мислам дека секој треба да испие еден коктел со вотка пред вечерата и со тоа да направи пауза“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk