Бунтовник кој сака без ограничувања: Ова е најкомплицираниот знак на Зодијакот

Кармин

04/08/2021

15:48

3.503

Големина на фонт

а а а

Физичката страст им е важна, но тие сакаат да го запознаат својот партнер на различни нивоа...

Понекогаш се во состојба да се жртвуваат за љубов до тој степен што се подготвени да го нарушат сопствениот углед само за да ѝ покажат на околината дека љубовта може да постои надвор од наметнатите норми и класичните рутини…

Станува збор за Водолиите!


Луѓето родени во овој знак имаат по малку бунтовна природа, а таа бунтовност е нивниот водич при изборот на партнер. Ги привлекуваат поединци кои зрачат со некоја екстремна енергија и со кои никогаш нема да им биде здодевно. Тие сакаат кога партнерот е склон малку да ги „размрда нештата“.

Водолијата сака да експериментира во врската и е преполна со уникатни идеи кога станува збор за љубовта. Кога сака, тоа не го крие така што веднаш може да се заклучи дека се во нова љубовна врска. Тоа се претежно природно атрактивни личности кои ја „скокоткаат“ фантазијата на другата страна, иако честопати не се свесни за тоа.


Физичката страст им е важна, но тие сакаат да го запознаат својот партнер на различни нивоа. Ги привлекуваат луѓе кои другите ги сметаат за чудни.

Жените со Венера во Водолија се стремат да бидат уникатни, па често имаат необични фризури и се облекуваат во поалтернативни модни комбинации.

Мажите со Венера во Водолија ги привлекуваат ексцентрични жени, оние кои се издвојуваат од другите и имаат силен карактер.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk