Eве зошто 21-ви јуни е најмоќниот ден во годината: Астролозите велат дека сè што денеска ќе посакате на овој начин, ќе ви се исполни

Точка

21/06/2021

21:00

4.346

Големина на фонт

а а а

Летото официјално пристигна, а токму денеска е и најдолгиот ден во годината, а ноќта е најкратка.

Астролозите велат дека овој ден воедно е и најмоќниот во годината и дека е одличен за нови почетоци.

Верувањето вели дека ќе ви се исполни сè што денеска ќе посакате. Енергијата на Сонцето ќе ви помогне да ги остварите соништата, а еве како да го искористите тоа.

Тоа може да го направите со помош на едноставна, но ефикасна техника.

Прва техника:

Земете хартија и запишете сè што ви лежи на душата, па посакајте да се оствари тоа. Добро размислете за сè што ќе посакате и длабоко во сè пронајдете волја сето тоа да го реализирате. Хартијата преклопете ја и оставете ја на место кое само вам и е познато.


Одвреме-навреме отворајте ја хартијата и потсетете се што сте посакале, па размислете колку чекори до остварување на целта се наоѓате. Тоа ќе ве мотивира секој ден да напредувате и да направите нешто големо за себе.

Втора техника:

Излезете надвор или на тераса. Погледнете го небото и изговорете ги вашите најважни желби наглас. Потоа кажете: „Благодарам што моите желби се исполнети“.

Тука не станува збор за некаков ритуал, туку за спознавање дека сè може да постигнеме доколку цврсто го посакаме тоа.

Кога наглас ги кажуваме желбите или пак ги запишуваме, поголема е веројатноста дека ќе пронајдеме инспирација да почнеме истите да ги исполнуваме.

Денеска е одличен ден да го започнете вашето патување кон зацртување на целта. Обидете се и вие!




Спонзорирани линкови

Маркетинг