Ја криела својата посвоена ќерка 13 години, а еве како изгледа денес наследничката на познатата актерка

Кармин

15/06/2021

09:16

6.171

Големина на фонт

а а а

Убавата актерка беше симбол за убавина во 90-те години, а речиси никогаш во јавност не ја покажувала својата посвоена ќерка.

Во последниве неколку години таа конечно шета заедно со ќерка си, а еве како изгледаат заедно.

Мег Рајан во 90-те беше актерка за која зборуваше целиот свет, а се вбројуваше во оние природните убавици.

Денес актерката има 59 години, а зад себе има многу неуспешни пластични операции поради што денес главно се појавува на насловните страни од магазините.

Овие денови за неа зборува поголем дел од јавноста - Мег пред 15 години посвоила 14-месечно девојче од Кина.

Сепак, ќерката со име Дејзи Тру одлучила пред неколку години да ја покаже во јавноста.

Една од заедничките фотографии на Мег и Дејзи која се појавила во јавноста настанала во текот на нивната прошетка во Њујорк пред две години.

Инаку, Мег во ретки случаи зборува за Дејзи, а кога го направила тоа истакнала дека нејзината ќерка е исклучително паметна, шармантна и природна и дека сака да ѝ ја зачува приватноста, поради што одбива за неа да зборува јавно и да ја покажува.


Сепак, по првото појавување во јавноста, тие две сè почесто се појавуваат заедно, а освен што папарацо фотографите често ги „ловат“ во текот на посета на продавниците, прошетка или некакви активности, Мег својата наследничка ја носела и на јавни настани.

Инаку, Мег покрај Дејзи има и син Џек Квејд (29) и тоа од бракот со Денис Квејд. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk