„Секоја вечер плачам по еден час во кревет“: Актерката признала со што се бори, но и со кои зборови се охрабрува

Точка

04/05/2021

13:35

1.761

Големина на фонт

а а а

Холивудската актерка и пејачка Били Пајпер неодамна открила дека ѝ е тешко да балансира помеѓу приватниот и професионалниот живот и дека често знае да заплаче поради предизвиците кои тие ги носат.

38-годишната Пајпер искрено признала дека за неа е неостварлива рамнотежата помеѓу посветувањето на работата и воспитувањето на децата и дека тоа често ја тера на очај.

Били со поранешниот партнер Лоренс Фокс ги има синовите Винстон (12) и Јуџин (9), а со пејачот Џони Лојд ја има 2-годишната ќерка Талула.


Актерката истакнува дека зголемениот обем на работата лошо се одразил на нејзиниот семеен живот и дека ѝ донел емоционални проблеми.

„Воспоставувањето на баланс е неостварливо. Кога сум на работа по цел ден, тоа секогаш се одразува на односот со моите деца или партнерот... Ако не сум на работа, тоа се одразува на мене. Плачам на крајот од секој ден и поминувам по еден час во кревет и само си велам: 'Утре ќе бидам подобра, се колнам. Ќе прочитам прирачник за родители вечер и се ќе биде подобро'“, изјавила Пајпер.

Познатата русокоса која се прослави како поп ѕвезда уште на 15-годишна возраст, признала дека неконтролираната работа во минатото имала негативно влијание на нејзиниот живот и менталното здравје.


„Не знам некој кој толку се трудел како јас кога имав 15 години. Тоа беше комбинација од изигрувања, притисок да станам позната, неповрзаност со семејството, недостаток на контрола над животот... Оттаму и моето нарушување во исхраната. Чувствував огромни емоционални и психолошки промени. Кога денес ќе помислам на мојот тинејџерски период, кога работев по 18 часа на ден и никогаш не го гледав семејството, гледам како тој негативно влијаеше на мојот живот“, заклучила Били.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk