Кејт Мидлтон без овој напиток не може да си го замисли денот: Нејзината тајна се крие во „магичниот“ сок

Кармин

04/05/2021

11:30

1.665

Големина на фонт

а а а

За да биде витка, но и полна со енергија, војвотката Кејт секој ден го пие овој сок.

Еликсирот на убавината и здравјето, според пишувањето на американските медиуми е домашниот сок од кељ кој што Кејт го пие секое утро.

За тајната на изгледот на Кејт прашуваат многумина, особено откако ги воодушеви сите по раѓањето на ќерката Шарлот.

Имено, Кејт својот еликсир за убавина и енергија го пронашла во сокот од кељ, зеленчук кој што го меша во блендер и добива здрав зелен напиток.


Војвотката овој моќен сок го пие секое утро, а го испила и утрото пред да појде во болница за да ја роди својата ќерка, принцезата Шарлот.

Мама Кејт ги подготвува своите еликсири во Амер Хол, новиот дом на младото кралско семејство, а во тајната на подготовка на соковите ја упатила сестрата Пипа која што изучува нутриционизам.

За Кејт е многу лесно и самата таа да се занимава со здравата исхрана на своето семејство:

„Купува свежи локални производи“, тврди американски извор.

„И тоа сè органско. А, принцезата се однесува нормално меѓу локалните жители и никој не ѝ пречи. Луѓето ѝ дозволуваат да „дише“ и никој не бара да прави селфи со нив“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk