Најголемите „отрови“ во хороскопот: 3 знаци кои астролозите ги карактеризираат како најподли

Кармин

09/04/2021

13:43

4.476

Големина на фонт

а а а

Секој хороскопски знак има своја мрачна страна, но овие три знаци се убедливо најголемите „отрови“ на хороскопот.

Јарец

Јарците нема да ги покажат своите емоции никогаш, дури ниту на своите најблиски. Во состојба се покрај вас да го поминат цел живот, а никогаш да не ви кажат што навистина мислат за вас. Тие се мрачни, често се „лигават“ и кукавици се. На првиот знак на опасност тие гледаат како ќе побегнат. Доколку случајно ви кажале дека ве сакаат, не им верувајте премногу зошто тоа не значи дека може да се „потпрете“ на нив. Многу се ретки Јарците кои имаат капацитет да сакаат некого.


Девица

Девиците се неверојатно „тешки“. Нема да бидат задоволни ниту кога ќе им ги симнете ѕвездите од небото. Многу ретко ги покажуваат емоциите и слабо разбираат нечија љубов. Што се однесува до нив, сè се сведува на интимните односи. Тие се лицемерни и при прва прилика која што ќе им се укаже ќе ви забијат нож во грб, доколку од тоа имаат некаква корист. Што е најлошо, во тоа воошто нема да имаат проблем затоа што Девиците се нарциси кои што умеат да водат сметка само за своите чувства.


Шкорпија

Шкорпиите и кога паѓаат во пропаст, тоа не го прават сами туку секогаш ќе повлечат некој со себе, најчесто најблиските. Без никакви грижи на совест, тие низ животот одат трагајќи по партнер со кој ќе ја поделат постелата. Сакаат што повеќе интимни односи со што повеќе различни луѓе. Тие се исклучително посесивни и љубоморни, толку многу што тоа влијае и на нивната психа и нивното ментално здравје. Иако се исклучително интелигентни, емотивната интелигенција им е рамна со нула. Доколку на било кој начин ги повредите, немојте да помислите дека нема да ви се одмаздат. Ќе го направат тоа и тоа двојно полошо, па дури и на таквата шанса да чекаат цел живот.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk