Познати колеги ѝ испраќале непристојни понуди: Пејачката јавно ги споделила сите нивни пораки!

Кармин

08/04/2021

22:09

11.535

Големина на фонт

а а а

Раперката и модел Иги Азалеа, на ТикТок објавила пораки со неморални понуди кои ѝ ги испраќале рапери и други познати личности.

Иги Азалеа (30) објавила приватни пораки во кои истакнати рапери и други познати личности ѝ даваат непристојни понуди.

Во видеото кое го споделила на нејзиниот ТикТок, раперката, меѓу останатото, открила и дека некој ѝ понудил 15 илјади долари за да разговара со неа. Иако ги сокрила имињата на мажите кои ѝ ги испратиле пораките на Инстаграм, според нивниот број на следбеници може да се заклучи дека станува збор за познати личности.

„Ти си мојата девојка од соништата“, ѝ напишал некој кој на социјалната мрежа го следат 12 милиони корисници, додека Инстаграм корисник со 27 милиони следбеници ѝ порачал дека сака да ја бакнува на интимното место.



Покрај многуте сексуални понуди, добила и брачни, а ѝ порачувале и дека ќе се грижат за неа и нејзиниот едногодишен син Оникс подобро од неговиот татко, музичарот Плејбој Карти (24) со кој раперката е во врска од 2018-та година.

„Раперите во мојот телефон, во моите пораки, не сакаат да ме остават намира“, рекла раперката во својата најнова песна „Sip It“.

Да потсетиме, Иги Азалеа, чие вистинско име е Аметист Амелија Кели, кариерата ја започнала на 16 години кога се преселила во Мајами, а светска слава стекнала со хитот „Fancy“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk