Во период кога сме сведоци на неубави и стресни вести, се појавуваат некои приказни кои нѝ го топлат срцето и барем за момент нѝ го разубавуваат секојдневието.
Таков е и настанот кој се случил вчера на скопскиот аеродром, а фотографиите од истиот веднаш ги „преплавија“ социјалните мрежи.
Со транспарент на кој пишувало „Доцниш 1.399 дена“, солзи во очите и со букет прекрасни рози, мажот ја пречекал својата сакана на аеродромот, по 4 години разделеност. Како што се гледа на фотографиите, и двајцата не можеле да ги сокријат своите емоции, а ниту ние не останавме имуни на оваа голема љубов.
Фото: Moments Production