Фотографија која го обиколи светот: Среде натпревар го подигнала дресот, па...

Кармин

04/03/2021

10:50

5.577

Големина на фонт

а а а

Антонела Гонзалес покажала како може да се уклади мајчинството и професионалното занимавање со спортот. Малата ќерка Мади ја води на тренинзите и натпреварите и по потреба ѝ дава да јаде.

Мајчинството е важна работа во животот за многу од жените, па така и за професионалните спортистки. А, како тие две работи да бидат во рамнотежа покажала Антонела Гонзалес (30), аргентинската кошаркарка која што настапува за прволигашката екипа Томас де Рокаморa.

На натпреварот против Велез Сарсфилд, Антонела ја зела својата ќерка на клупата и почнала да ја дои.

„Секогаш ѝ дозволувам да присуствува на моите натпревари, а понекогаш потребно ми е тоа и мене, но и нејзе. Разговарав со тренерот и му реков дека ми треба малку време. Сето тоа беше природно“, објаснила Антонела.

Важно е, мајките да сфатат дека може и да играат и да водат грижа за потребите на своето дете.

„Чудно ми е што една фотографија од доење на дете предизвика толкаво внимание, но среќна сум што луѓето можат да видат такво нешто. Тоа нека биде корисно за сите мајки кои не се сигурни кога по бременоста ги прекинуваат своите активности“, вели Антонела.

Нејзината сестра Лаура е тренер на екипата во која што Антонела постигнала осум поени со два скока и една асистенција за 25 минути игра.

„Како се организирам? Па, цело време трчам од една на друга страна. За среќа, таа секогаш е покрај мене. Таа е добро девојче кое што се навикнува. Некогаш доаѓа со мене на тренинзите, додека другите мали деца остануваат дома и ги чуваат нивните баби и тетки. Секако, без поддршката на семејството и пријателите ништо не може да биде возможно“.

Како остатокот од екипата се навикнал на малата Мади?

„Најчесто ми помага сестра ми, но понекогаш и соиграчите“, вели кошаркарката.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk