Џенифер Гарнер ги распамети обожавателите, уживајќи гола во када

Кармин

23/02/2021

16:51

2.610

Големина на фонт

а а а

Холивудската актерка Џенифер Гарнер ретко на социјалните мрежи објавува фотографии на кои е гола или е во бикини, а неодамна на Инстаграм објави снимка на која на светот му покажа мал дел од својата интима.

Џенифер Гарнер на оваа снимка направила реклама за производ за коса, а на неа се појавува гола додека се опушта во када со пенлива купка.

Актерката го сокрила телото со кадата, па дури и да носи некаква облека, на снимката тоа воопшто не може да се забележи.

Објавата за само 12 часа ја виделе речиси 1 милион луѓе, а актерката добила и бројни комплименти. Публиката, како и вообичаено, била воодушевена од нејзината магична насмевка.

Јавноста ја сака Џенифер, бидејќи не е роб на идеалот за совршенство и младоликост кои Холивуд постојано ги наметнува.

Магазинот „People“ во 2019-та година ја прогласи за најубава жена на светот. Тогаш открила дека тајната за нејзиниот изглед е во тоа што едноставно е задоволна со себе.

„Во моето семејство физичкиот изглед никогаш не играл голема улога. Никогаш не сум се чувствувала како некоја убавица, таквиот став не беше дел од мојот живот. Сепак, се чувствувам добро во моето тело, задоволна сум со себе“, рекла таа. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk