Нежни и толку посебни: Ова е најемотивниот знак во зодијакот – едноставно мора да ги сакате

Кармин

22/02/2021

14:55

2.389

Големина на фонт

а а а

Сонцето влезе во знакот на Рибите, а на сите Риби им посакуваме среќен роденден!

Откако во Водолија во текот на претходниот период имавме рекорден број планети, тие во наредниот период ќе почнат да се преместуваат во знакот на Рибите.

Прво во Рибите влезе Сонцето, а по него на 25 февруари истото ќе го направи Венера, а потоа и Меркур на 16 март.

Овој период освен за Рибите, поволен е и за Раковите, Шкорпиите, Биковите и Јарците, а неповолен е за Близнаците, Стрелците и Девиците.


Рибите се последниот знак во Зодијакот и претставуваат довршување на циклусот. Астролошката година започнува со пролетта и влегувањето на Сонцето во знакот на Овен, а циклусот завршува во знакот на Рибите, за новиот циклус да започне повторно напролет.

Поради тоа за Рибите велат дека се најмалку материјалисти од сите знаци во зодијакот, односно материјалноста воопшто не ги интересира.

Биковите, Лавовите, Вагите и Рибите спаѓаат во креативни, уметнички знаци, но за разлика од Лавовите, Рибите не „лудуваат“ по внимание.

Тие повеќе сакаат осамени места, пусти острови каде што ќе може да бидат далеку од другите, да создаваат некои свои креации или пак да го пронајдат својот духовен мир.

Тие исто така сакаат вода - море, река, езеро, па Рибите секогаш ќе се определат да живеат во близина на вода.


Рибите исто така се знак на жртвувањето затоа што туѓата добробит им е поважна од сопствената. Нивните граници помеѓу нивниот и туѓиот свет се многу тенки, па често „ги купуваат“ туѓите мисли и расположенија. Поради тоа важно е Рибите да бидат меѓу весели и оптимистички луѓе затоа што често паѓаат под влијание.

Тие имаат голема желба да им помагаат на другите, па заедно со Водолиите спаѓаат во хуманитарни знаци.

Рибите се многу чувствителни, емотивни и сензитивни и исто така имаат голема интуиција. Расположението им е многу променливо, а во текот на еден ден може да имаат различни емоции, па поради тоа многу е лесно да ги повредите.

Тие го претставуваат бескрајниот океан на свесноста, севкупната креација, свеста на единството, состојба во која што сè е едно. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk