Што се крие зад новата фотографија на принцот Хари и Меган? Цел свет зборува за ова...

Кармин

15/02/2021

11:27

3.428

Големина на фонт

а а а

Поминаа само неколку месеци откако Меган Маркл објави дека во јули, минатата година доживеала спонтан абортус.

Среќниот пар, вчера на 14 февруари објави среќна вест - Арчи ќе стане постар брат.

Откако Меган Маркл и принцот Хари вчера објавија дека го чекаат своето второ бебе, фотографијата на која што позира среќниот пар го обиколи светот.

Сите зборуваат за „валканите“ стапала на принцот Хари, а твитерџиите го „повикуваат“ кралското семејство да му купи некои нови чевли на принцот Хари, но молат и Хари никогаш повеќе да не ги покажува своите стапала.

Многумина нагласиле дека во некои култури, покажувањето на босите стапала се смета за крајно непочитување и некултура.

„Фотографијата е совршена, само да не беа босите стапала на принцот Хари“, гласи еден од твитовите.

На фотографијата Хари босоног седи на тревата под дрво, додека Меган лежи на него, со рацете поставени на стомакот.

Сè уште не се знае терминот за породувањето, но медиумите нагласуваат дека Меган е некаде на средината на бременоста со оглед на тоа што стомакот ѝ е видлив.

Многу симболика има во оваа објава на Меган и Хари. Имено, во далечната 1984 година, на истиот ден принцезата Дајана објавила дека е бремена, т.е. дека во нејзиниот стомак се наоѓа Хари.

За оваа фотографија, Меган одлучила да носи фустан од „Каролина Херера“ кој што го носела и во текот на објавите за нејзината прва бременост.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk