Ребел Вилсон открила: „Бев киднапирана, ми се закануваа со оружје“

Кармин

15/01/2021

11:29

2.723

Големина на фонт

а а а

Австралиската актерка Ребел Вилсон открила дека била жртва на вооружано киднапирање во Африка. Како што вели, неа и уште неколку нејзини пријателки ги киднапирала група мажи, а биле задржани цела ноќ.

„Тоа се случи во Мозамбик. Со неколку пријателки се возевме во камион, а потоа до нас дојдоа луѓе со возило полно со оружје“, рекла актерката за телевизија „Sky“.

„Имаа големи пушки со кои нѝ се закануваа и нè однесоа во напуштена куќа. Сфатив дека всушност добро се снаоѓам во кризни ситуации, бидејќи се однесував како некој лидер. Им предложив да се држиме за раце, бидејќи се плашев дека би можеле којзнае што да направат со некој од нас во текот на ноќта“, објаснила таа.

Следното утро киднаперите ги пуштиле, а Ребел смета дека тие всушност го користеле нивниот камион за шверцување, па затоа морале да ги натераат да го напуштат возилото.

„Само дојдоа следниот ден и рекоа дека можеме да си одиме, и дека нашиот камион е спремен. Неколку часа подоцна, веќе излеговме од Мозамбик. Веројатно нè користеа за криумчарење илегална роба на дното на камионот“, смета актерката.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk