Иванка Трамп ќе му сврти грб на својот татко? Подготвена е на потег кој „ќе го сруши“ Доналд Трамп

Кармин

12/01/2021

15:58

8.472

Големина на фонт

а а а

Ќерката на претседателот во заминување на САД Доналд Трамп, Иванка Трамп, планира да присуствува на инаугурацијата на Џо Бајден, а се претпоставува дека тоа го прави само за да ја спаси својата политичка кариера, пренесуваат светските медиуми.

Да ве потсетиме, Трамп неодамна соопшти дека нема да се појави на инаугурацијата на новиот претседател Џо Бајден која што треба да се одржи на 20 јануари, а тој наводно протестирал поради одлуката на својата ќерка.

„Тој кажа дека е навреда што воопшто сака да има контакт со измамници кои што се обидуваат да го срушат“, изјавил инсајдер кој што наводно е упатен во случувањата во Белата куќа и додал дека Трамп сака неговото семејство во овие моменти да биде сплотено.

Претседателот на САД изјави дека на Иванка присуството на инаугурацијата „ќе ја чини над илјада гласови и истакнал дека тоа би била најголемата грешка која што таа би можела некогаш да ја направи“, тврди инсајдерот.

Според известувањата на светските медиуми, Иванка е убедена дека со присуствувањето на настанот на прогласувањето на новиот претседател на САД - Бајден, ќе даде впечаток „на некој кој што добро го поднесува поразот и дека со тоа ќе стекне поголема доверба кај народот“, тврди изворот.

„Изјави дека сака да ги заштити своите сопствени политички аспирации и дека не сака да се упропасти така што нема да присуствува на тој настан“, тврди изворот.

Неименуваниот соговорник додал дека таа сака да присуствува на инаугурацијата затоа што „сака да биде гласот на нејзиниот татко и дека тоа им го должат на луѓето“.

Од друга страна, друг инсајдер од Белата куќа ги демантирал овие тврдења.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk