Ова новороденче има 28 години и е само 18 месеци помладо од својата мајка: Еве што се крие зад приказната која го обиколи светот

Кармин

03/12/2020

14:39

5.261

Големина на фонт

а а а

Моли Еверет Гибсон од Ноксвил, Тенеси има само 1 месец, а веќе соборува рекорди.

Нејзината приказна започнува во 1992 година кога била замрзната како ембрион. Речиси 28 години била „во мраз“ за на 10 февруари 2020 година да биде одмрзната и вметната во матката на 30-годишната Тина Гибсон. 

Тина и сопругот Бенџамин претходно морале да го посвојат ембрионот. На 26 октомври со доаѓањето на овој свет, Моли го соборила рекордот кој дотогаш го држела нејзината 3-годишна сестра Ема Врен, која била „замрзната“ цели 24 години.

Ембрионот на Моли бил замрзнат неполни 28 години, со што е најдолго замрзнат ембрион кој резултирал со раѓање.

Бен и Тина со години се обидувале да имаат деца. Бен боледува од цистична фиброза која кај некои мажи предизвикува неплодност. Бидејќи парот се плашел да не ја пренесе болеста и на бебето, посвојувањето на ембрион било совршено решение.

„Мислам дека ова е доказ дека ниту еден ембрион не треба да биде отфрлен, особено затоа што е стар“, вели д-р Џефри Кинан кој го имплантирал ембрионот во Тина.


Ембриологот Керол Сомерфелт и директор на лабораторијата на американскиот Национален центар за донирање ембриони вели дека биле пресреќни кога Тина и Бен дошле за имплантација на ембрион.

„Бев пресреќна што и двата ембриони го преживеаја одмрзнувањето. Уште повозбудливо беше кога само 11 дена подоцна дознав дека Тина е бремена. Заедно со Тина и Бен, со радост и возбуда го чекавме раѓањето на нивното второ дете“, изјавила Сомерфелт.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk