„Повеќе не сум Елен Пејџ. Се викам Елиот и трансродна личност сум“: Историска исповед на холивудската актерка

Кармин

02/12/2020

12:30

8.836

Големина на фонт

а а а

„Сакам што сум трансродна личност. Сакам што сум поразличен. Што повеќе се ценам и прифаќам, тоа го расте моето срце, тоа ме прави поуспешен. На сите трансродни луѓе сакам да им порачам дека ги сакам и ги гледам и дека ќе направам сè овој свет да го сменам на подобро“, изјавил тој.

Канадскиот актер Елиот Пејџ (33), кој што се прослави со улогата во филмот „Џуно“ од 2007-та година и „Почеток“ од 2010-та година како и во улогата на серијата „The Umbrella Academy“, во вторникот со своите обожаватели на социјалните мрежи сподели дека е трансродна личност, пренесуваат странските медиуми.

Тој се огласи на социјалните мрежи на кои што се претстави како Елиот Пејџ, па напиша:

„Поздрав пријатели. Сакам со сите вас да споделам дека сум трансродна личност, дека користам заменки „тој“ и „таа“ и дека се викам Елиот“.


„Среќен сум со ова што го пишувам. Затоа што сум тука. Затоа што стигнав до овој момент од мојот живот. Благодарен сум им на сите што ме поддржуваа на овој пат. Не можам да ви кажам колку е чудесно кога се сакате себеси доволно и да се препуштите на вашето автентично битие. Заедницата на трансродните луѓе бескрајно ме инспирира. Им благодарам на храброста и великодушноста за светот да го направат поотворен“, додал тој.

„Ве молам за трпение. Мојата среќа е реална, но кршлива. Без оглед на среќата која што ја чувствувам, привилегиите кои што ги имам и во кои што уживам, сеедно се плашам. Се плашам од мразење, шеги и насилство. Не сакам да зборувам негативно, но сакам да ви дадам целосна слика“, додал Пејџ.

Тој потоа истакнал дека трансродните личности се многу дискриминирани во Америка и дека оваа година биле убиени 40 трансродни луѓе, најмногу Афроамериканци и Латиноамериканци.


„Да имаш крв на рацете. Бесно удирате по заедницата чии 40 отсто од возрасните се обиделе да извршат самоубиство. Сега е доста. Им нанесувате болка на луѓето. Јас сум еден од тие луѓе и нема тоа да го трпам и да молчам“, порачал актерот Елиот.

Инаку, пред шест години Елиот на Денот на вљубените призна дека е хомосексуалец, а во последните 10 години се залага за правата на ЛГБТ луѓето.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk