15 идеи со кои божиќната ѕвезда ќе стане уште поубав украс во домот

Кармин

01/12/2020

14:35

1.937

Големина на фонт

а а а

Поради несреќна љубов, на една ацтечка божица ѝ пукнало срцето. Од капките на нејзиното крваво срце настанала божиќната ѕвезда, односно цветот со огненоцрвена боја, кој бил опкружен со зелени листови. Така барем една мексиканска легенда го објаснува настанувањето на ова растение од семејството „Euphorbiaceae“.

Божиќната ѕвезда денес е еден од најпопуларните празнични украси во речиси сите делови на светот. Неговата едноставност и елеганција ќе ја разубават секоја просторија во домот и совршено ќе се вклопи во божиќното уредување на дневната соба, трпезаријата или кујната. 

Ова цвеќе може да биде одличен средишен украс на божиќната трпеза, особено ако го ставите во привлечен сад или тегла и ако дополнително го украсите со борови игли, шишарки, декоративни панделки, сушени билки и овошје.


Божиќната ѕвезда во стаклен или бел порцелански сад ќе внесе доза на празнична романтика во домот, додека ќе постигнете доза на разиграност ако ја ставите билката во корпа со кариран дезен.


Во продолжение, погледнете ги фотографиите и откријте како со плетени корпи, кутии и други детали можете да ја трансформирате божиќната ѕвезда во уште поубав украс за во домот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk