Кога сакате да изгледате како божица, облечете се вака: Модна 10-ка за Аманда Холден!

Кармин

26/11/2020

18:07

1.689

Големина на фонт

а а а

Виолетова боја од глава до пети е навистина прекрасен избор - за тоа е доказ Аманда Холден.

Актерката Аманда Холден (49) во последниве неколку седмици е многу поприсутна во јавноста и секојпат успева да ги воодушеви сите со своите беспрекорни модни комбинации.


И додека во последниве денови таа се фокусира на топлите есенски модни комбинации, денеска ни покажа како треба да се облечете доколку сакате да изгледате префинето, елегантно, луксузно, а во исто време одмерено и средено.

Сè што треба да направите е да ги облечете добро скроените модни парчиња во бојата во која што нема грешка - виолетовата.


Најнежната нијанса на популарната кралска боја, секогаш ќе му даде на вашиот стајлинг доза луксуз, а доколку целиот ваш аутфит е во оваа боја - ефектот може да биде само совршен.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk