Иако славните личности и стабилните долгогодишни врски и бракови најчесто не одат рака под рака, факт е дека долгите и среќни бракови постојат и во тој свет.
Помеѓу славните актери, спортисти и пејачи, има и такви кои својата љубов ја запознале уште во средношколските денови.
Во продолжение, издвојуваме 7 такви парови помеѓу кои љубовта се родила уште во средношколските клупи, а се сакаат и денес.
Пејачот на популарната група „U2“ ја запознал својата идна сопруга Али Стјуарт на училиште во Даблин кое и двајцата го посетувале. Се венчале на 21 август 1982 година, кога Боно имал 22 години, а Али 21 година. Нивната љубовна приказна и понатаму трае, а заедно имаат 4 деца.
Парот се запознал во средно училиште, а се венчал во тајност во 1989 година. При гостувањето на бендот во Лос Анџелес, пејачот ја одвел својата средношколска љубов во Лас Вегас и се венчале во една од тамошните капели. Заедно имаат 4 деца - една ќерка и 3 сина.
Американскиот кошаркар и неговата сопруга посетувале исто средно училиште во Акрон, Охајо. Долгогодишната врска ја крунисале со брак во 2013 година, а денес имаат 3 деца.
Aктерoт познат по улогата во комедијата „Dumb and Dumber“ ја запознал својата сопруга во средно училиште во Мичиген. Парот се венчал во 1979 година кога Даниелс имал 24 години, а двајцата имаат 3 деца.
Пејачот, актер и водител Л.Л. Кул Џеј ја запознал својата идна сопруга кога и двајцата биле тинејџери. Се венчале во 1995 година и имаат 4 деца.
Познатиот филмски режисер кој има добиено Оскар за режија на филмот „А Beautiful Mind“, сопругата Шерил Али ја запознал во средно училиште, а постои приказна дека парот толку често се гледал што неговите родители на крајот им дозволиле да се гледаат само 2 пати неделно. Нивната љубов ја крунисале со брак во 1975 година, кога тој имал 21, а таа 22 години. Рон и Шерил имаат 4 деца.
Овој пар е доказ дека секоја врска има добра и лоша фаза. Калвин Кордозар Броадус, попознат како Снуп Дог, ја запознал својата сопруга Шанте во средно училиште. Тие се венчале во 1997 година, а потоа се разделиле во 2004 година. Меѓутоа, парот наскоро одлучил да ѝ даде уште една шанса на својата љубов и во 2008 година ги обновиле заветите. Имаат 3 деца.