Дерматолозите предупредуваат: Цел живот правите една грешка во текот на туширањето, а може да предизвика долгорочна штета

Кармин

20/10/2020

12:53

2.631

Големина на фонт

а а а

Докторите препорачуваат дека во текот на туширањето треба да прескокнете еден дел од телото, а тоа е лицето.

Дерматолозите наведуваат дека лицето е еден од најчувствителните делови од телото, поради што многу е важно внимателно да го миете.

Доколку некој сака да се тушира со топла вода, тогаш треба да го прескокне своето лице затоа што топлината може да нанесе долготрајна штета на вашата кожа.

„Топлата вода и топлото испарување, ги шират крвните садови и капиларите поради што на вашата кожа се појавува црвенило. Така ризикувате долгорочно да го влошите нејзиниот изглед, а во најлош случај тоа да биде трајно“ - изјавил за магазинот „Marie Claire“, докторката Рејчел Назаријан од Швајгер дерматолошката група.

Многу топла вода исто така може да го исуши вашето лице, тоа дефакто ја суши заштитната маст на кожата, што на крајот може да доведе до прерана појава на брчки поради намаленото ниво на природната влажност на кожата на лицето.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk