„Ужасна болка“: Меланија откри со што се лечела од Ковид-19 кој го спореди со „возот на смртта“

Кармин

15/10/2020

16:44

5.853

Големина на фонт

а а а

Барон Трамп (14), најмладиот син на американскиот претседател, бил заразен со коронавирус кога биле заразени и неговите родители, но немал никакви симптоми, објавила Меланија Трамп во есејот од 700 зборови кој што бил објавен на официјалната страница од Белата куќа.

Есејот има наслов: „Моето искуство со Ковид-19“.

„Штом дознавме дека сме заразени, прво помислив на синот“ - признала Меланија.

Како што открила таа, Барон прво бил негативен, но по неколку денови повторно тестиран и тогаш се покажало дека е позитивен на Ковид-19.

„За среќа Барон е моќен тинејџер и немаше никакви симптоми. На еден начин ми беше драго што само ние тројца поминавме низ ова истовремено затоа што можевме да се грижиме едни за други и да го поминуваме времето заедно. Во меѓувреме и тој беше негативен“ - напишала Меланија.


Познато е дека Меланија сака својот син да го заштити од очите на јавноста, па не е ни чудно што јавноста го нема видено долго време.

Меланија исто така открила дека не била во болница затоа што имала „минимални симптоми“, но и покрај тоа било многу тешко. Таа додала дека го избрала „природниот пат“, односно витамините и здравата исхрана, наместо тешките лекови кои што морал да ги консумира нејзиниот сопруг.

„Имав среќа што мојата дијагноза беше со минимални симптоми, иако некогаш изгледаа како возот на смртта, неколку дена. Ме болеше цело тело, кашлав и ме болеше главата, бев изморена цело време. Го избрав природниот пат на медицината, давајќи им предност на витамините и здравата храна“ - напишала Меланија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk