На мајка на три деца ѝ рекле дека се запоставила: Објавила гола фотографија и им ја 'затворила устата' на хејтерите

Кармин

14/10/2020

11:55

5.090

Големина на фонт

а а а

Мајка на три деца и блогерка од Италија, Лаура Маца, во последно време често добивала критики дека се 'запоставила', односно дека не води сметка за својот изглед. Како одговор, објавила фотографија на која е целосно гола, а во описот напишала сè што мисли за овие критики.

Таа често на социјалните мрежи споделува фотографии од себе и своите деца, покажувајќи го секојдневниот живот на една обична мајка.

„Неодамна ми рекоа дека сум се запоставила. Не ги средувам веѓите, сум се здебелила и имам неколку влакна на брадата“, ја почнала таа својата исповед покрај фотографијата.

Како што вели, го прифатила своето тело онакво какво што е, а целта ѝ е и другите жени да ги охрабри на истото.

„Ние жените не треба да се прикажуваме никако поинаку освен како совршени“, напишала таа иронично, осудувајќи ги стереотипите.

Letting yourself go

I was told recently that I had let myself go.

I’ve gained some weight, my eyebrows are shaggy, got...

Posted by Laura Mazz on Понеделник, 05 октомври 2020

„Изгледа дека никој не знае дека сето тоа е работа - облекување, ставање шминка, сокривање на брчките, вежбање, средување на ноктите, депилирање... Ако тоа го правиме постојано, тогаш изгледаме нормално. Ако не, тогаш сме се запоставиле“, додала таа.

Таа исто така рекла дека не мора сите да носат одредени материјали кои го обликуваат телото на поинаков начин, туку дека секое тело е убаво такво какво што е.

„Не мора да ја носите најпровокативната тоалета за да бидете прекрасни, или да ги фарбате седите влакна. Ништо не треба да ве спречува да ги носите работите во кои се чувствувате удобно“, напишала таа.

„Мајките не се запоставуваат, но затоа многу работи им недостасуваат, на пример сон или слободно време. Нема да се извинувам поради вишокот килограми или 'запоставени' веѓи - тоа не е злочин“, заклучила Лаура.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk