Загрижувачка глетка за фановите: Опуштено пиела пред својот дом, а токму алкохолот ја чинел убавина и блескава кариера

Кармин

25/09/2020

16:28

4.416

Големина на фонт

а а а

Миша Бартон неколку пати досега била на рехабилитација, според исповед на нејзините блиски луѓе, пред 14 години била уапсена поради возење под дејство на алкохол.

Проблематичната актерка Миша, овојпат била уловена како пред својот дом во Лос Анџелес го шета своето куче. Но, тоа не би било ништо невообичаено доколку актерката поголемиот дел од времето не седела на скалите и пиела бело вино.

Одвреме-навреме таа станувала за да го подигне своето куче, а потоа ќе се вратела на својата позиција и ќе продолжела да пие од својата чаша.

Притоа, била облечена во широки долни тренирки и карирана маица, а на нозете носела папучи.


Сепак, одговорната Миша нашла слободно време да го собере изметот од своето куче од тревата, додека со другата рака телефонирала.

Ваквите сцени од актерката се загрижувачки за јавноста затоа што таа во минатото имала проблеми со алкохолот.

Според исповед на нејзини блиски луѓе, Бартон почнала да пие алкохол на свои 14 години, а тешко ѝ било сето тоа да го исконтролира.


Таа во текот на својот живот била на неколку рехабилитации, а очигледно е дека напредувала поради тоа што на својот Инстаграм профил рекламирала производи за вежбање и се фалела како постојано тренира.

Но, според ваквите фотографии Миша очигледно не се откажала целосно од пиењето алкохол.




Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk