„Не требаше да успеам да побегнам туку да завршам како проститутка, навлечена на дрога, можеби и убиена“

Кармин

21/09/2020

11:40

4.323

Големина на фонт

а а а

39-годишната Алиша Кис во искрен разговор за „The Guardian“ зборувала за својот живот и кариера, а нејзините зборови дека можела да заврши како проститутка предизвикаа голема бура во јавноста.

„Во периодот кога започнав да ја лансирам својата музика во светот, тоа воопшто не беше тренд. Сите радио станици мислеа дека сум некоја 40-годишна џез пејачка, а всушност имав 19 години, носев плетенки и доаѓав од Харлем“, рекла Алиша. 

Сепак, таа се „проби“ во 2001 година со изведување на песната „Fallin'“ во емисијата на Опра Винфри.


Песната ја дефинира неа и нејзината кариера, но за Кис таа е иста - „ништо слично на нешто претходно, ниту она што било вчера, ниту денес, ниту што ќе биде утре“.

Зборувајќи за песната „Underdog“, американската пејачка признала дека можело да ѝ се случи да заврши како некоја друга Афроамериканка од нејзиниот крај во тоа време - како проститутка или наркоманка.

„Underdog“ е песна од нејзиниот нов албум на кој работела со Ед Ширан и во која им испраќа поддршка на сите оние кои сонуваат за подобар живот.

„Јас сум личноста од песната, онаа која не требаше да успее да побегне од околината, која требаше да заврши како проститутка, млада мајка на 16 години или зависник од дрога. Јас сум таа што можеше да се најде на погрешно место во погрешно време и да биде повредена или убиена. Што е всушност сонот? Сонот е луксуз, ако треба да ги платите сите тие сметки и да ставите храна на трпезата за вашите деца. Затоа разбирам колку сила е потребна за да тргнеш по својот пат. Затоа моите песни им даваат сила на другите. Напишав многу во најлошите моменти од мојот живот“, истакнала Алиша.


Последниот албум на пејачката го носи токму нејзиното име - „Alicia“, а истиот ја врати на топ листите со хитовите „Underdog“ и „Time Machine“.

За потсетување, пејачката во март 2020 година ги објави своите мемоари наречени „More Myself: A Journey“.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk