Младата Ирина боса и без опрема, се искачи на кањонот Матка – има порака до сите: „За критичарите и оние кои упатуваат навреди...“

Кармин

14/08/2020

19:40

6.664

Големина на фонт

а а а

Младата македонска планинарка, Ирина Дишовска, во црвен долг фустан го искачи кањонот Матка - без никаква опрема за планинарење.

Ирина вели дека тоа бил нејзин симболичен начин на кој што сака да ја покаже моќта на сите жени:

„Овојпат сакам да им се заблагодарам на сите што ми дадовте поддршка и што на ваков или пак онаков начин го разбравте мојот перформанс.

За оние неупатените, сакам да кажам дека ова е уметнички перформанс со кој што сакам да ја прикажам женственоста, а воедно и моќта на жената во едно кусо видео.

„И на крајот, на критичарите и оние кои што упатуваат навреди, сепак едно кусо образложение. Мојата физичка и ментална форма е беспрекорна во моментов.

Оние што имале шанса да се искачуваат со мене, ќе го потврдат тоа. Зад овој (како што го нарекувате луд) подвиг стојат години тренинг и искуство.

И не, не мислам дека со ова ќе ги мотивирам еготиповите да се качат на истово место боси или пак во фустан, како мене. Напротив, мислам дека со ова ќе мотивирам и инспирирам што повеќе жени и мажи да не се откажуваат од своите замислени цели.

И клучот е наједноставен. Тренинг и само тренинг. Другото е историја“ - напишала таа на својот Фејсбук профил.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk