Фаучи: Вакцината ќе биде достапна на крајот на годинава

Макфакс

06/08/2020

09:35

617

Големина на фонт

а а а

Фармацевтската индустрија најверојатно ќе произведе десетици милиони вакцини против коронавирус на почетокот на следната година, а милијарди дози може да бидат достапни до крајот на 2021 година, вели водечкиот епидемиолог на САД, Ентони Фаучи, во интервју за „Ројтерс“.

Фаучи очекува дека до крајот на оваа година, вакцината против ковид-19 ќе биде достапна, а пандемијата под контрола.

Тој, исто така, оцени дека некои делови на САД спречиле ширење на вирусот, додека другите делови едноставно биле „воспалени“, а различните резултати ги објаснил сo големината и разновидноста на земјата.

Интервјуто на Фаучи за „Ројтерс“ беше објавено истиот ден кога Трамп во интервју за „Фокс њуз“ рече дека вирусот „заминува и ќе исчезне“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг