Со пар едноставни трикови и малку труд го претворила станот во дом од соништата

Кармин

04/08/2020

11:50

1.990

Големина на фонт

а а а

Дизајнерката на ентериер Александра Гатер е мастер во пренамена на мали станови. Таа со едноставни трикови го претвора малиот простор во прозрачно и удобно место за живеење, а нејзините трансформации на Јутјуб ги следат 315.000 луѓе.

Една од нејзините најдобри проекти е станот во Торонто во кој живеела во последните 18 месеци. Кога се вселила, просторот изгледал неинспиративно, а за “Insider” открила неколку совети со кои се послужила за просторот да го претвори во дом од соништата. 

На станот му недостасувал идентитет и стил, а 28-годишната дизајнерка целосно го изменила со многу мало вложување на финансиски средства.

Најважната работа е да се обојат ѕидовите во бела или некоја посветла боја за станот да изгледа посвежо, советува Александра. Исто така, не ѝ се допаѓал каучот кој го затекнала во станот, па затоа купила прекривки со кои каучот добил сосема нов изглед.

Удобниот, мек тепих е исто така важен. Битно е тој да биде доволно голем во споредба со поголемиот мебел, а да не изгледа како да лебди во средината на собата.

И останатите простории, дизајнерката ги направила поелегантни и поубави првенствено боејќи ги ѕидовите во посветли бои и додавајќи некои детали како огледало кое го прави просторот визуелно поголем.

Гатер ги отстранила завесите и оставила да влегува светлина во станот која се рефлектира од огледалото, правејќи просторот да изгледа поголем.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk